Биткоинот на пат кон ирелевантност- паѓа на 5.000 долари?

146

Еден биткоин вреди нешто помалку од 17.000 долари. Се разбира, проблемите за крипто индустријата не завршуваат тука по спектакуларниот колапс на FTX, пишува SEEbiz.

Одамна е јасно дека Европската централна банка (ЕЦБ) не гледа позитивно на Биткоин. Улрих Биндсеил и Јирген Шаф неодамна блогираа дека Биткоинот е на пат кон ирелевантност и дека моментално сме сведоци на нејзината „лебедова песна“.

Тие се убедени дека биткоинот не е погоден како инвестиција, бидејќи не генерира готовински тек или дивиденди, а неговата пазарна вредност се базира исклучиво на шпекулации.

Минатиот месец, Standard Chartered предупреди дека биткоинот може да се сруши и до 5.000 долари.