Биткоинот надмина 24.000 долари, нафтата под 80 долари

23

По падот што го доживеаја криптовалутите во текот на викендот, на повидок е мало закрепнување на почетокот на неделата.

Вредноста на биткоинот утрово изнесуваше 24.503 долари, што е значително зголемување од минатонеделниот пад под 20.000 долари. Другите криптовалути се исто така во плус, особено етер, чија вредност е зголемена за речиси 4 проценти и изнесува 1.681 долари.
Цената на нафтата во Лондон вчера падна под 80 долари за барел, првпат од почетокот на февруари, по колапсот на банката во Силиконската долина, што донесе дополнителни турбуленции на енергетските пазари. Денеска се тргува по цена од 79 долари за барел.