Биткоинот надмина 60.000 долари

70

За прв пат, криптовалутата биткоин надмина 60.000 долари во последните шест месеци. Биткоинот скокна поради зголемената шанса да добие зелено светло од комисијата за хартии од вредност (Securities and Exchange Commission – SEC).

Неговата вредност од 61.730 долари е највисоко ниво од 18 април.
Трговците се оптимисти за шансата американската комисија за хартии од вредност да даде зелено светло за првиот фонд што тргува со фјучерси на биткоин, веруваат аналитичарите.

ProShares Bitcoin Strategy ETF  ќе дебитира на берзата во Њујорк во вторник, а експертите веруваат дека ЅЕС најверојатно нема да се спротивстави на производот. Иако се очекуваше дека овој скок ќе поттикне други дигитални токени, тоа не се случи овој пат.

Регулаторите заземаа строг став за криптовалутите оваа година, бидејќи интересот на инвеститорите се зголеми. Сепак, индустријата се бореше, a Coinbase ги повика САД да создадат нова регулаторна рамка за следење на дигиталните средства.