Биткоинот падна на најниско ниво од јануари

67

Биткоинот денеска потона на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзата продолжува негативно да влијае на криптовалутите.

Биткоинот падна на 33.266 долари во утринското тргување во Азија, приближувајќи се на најниското ниво од јануари, кога беше само 32.951 долари. Падот под тоа ниво би бил најниската вредност за битки од јули минатата година, пишува Ројтерс.

Според најновите достапни податоци од крипто-пазарот, биткоинот моментално малку закрепнал и се тргува за околу 33.500 долари, или пад од 1,4 отсто на дневна основа.