Биткоинот падна под 30.000 долари

19

Биткоинот падна под 30.000 долари за прв пат од 22 јуни. Во моментов вреди околу 29.700 долари (20 јули, 9 часот наутро).

Според CoinMarketСаp, за 24 часа околу 98 милијарди долари се избришани од крипто пазарот, пренесува CNBC.

Биткоинот падна за повеќе од 6%, етереумот потона 9%, додека доџкоинот се сруши за 19%, според податоците од платформата CoinMarketСаp.

Од средината на април годинава, кога достигна вредност од скоро 65.000 долари, биткоинот падна за повеќе од 50%.

Фото: Freepik