Биткоинот падна под 42.000 долари

78

Биткоинот денеска падна под 42.000 долари за прв пат од 23 март, поради зголемената загриженост за зголемување на референтната каматна стапка во САД.

Најголемата криптовалута во светот падна на 41.918 долари во денешното тргување во Азија, пренесува Блумберг.

Откако кон крајот на март достигна највисоко ниво од нешто повеќе од 48.000 долари, биткоинот и другите криптовалути се во надолен тренд поради претпазливоста на инвеститорите поради заострувањето на монетарната политика на САД за да се ограничи растот на потрошувачките цени.