Биткоинот падна под 56.000 долари

62

Трговците со криптовалути продолжија да ги повлекуваат своите средства, а во изминатите 24 часа пазарната капитализација падна за 1,8 отсто на 2,65 трилиони долари.

Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, се лизна за уште 2,3 отсто во последните 24 часа и моментално се тргува под 56.000 долари, т.е. за 55.965 долари.

Етереумот падна за 1,7 отсто, а трговците го оценија на 4.132 долари, според веб-страницата Coingecko.