Биткоинот повторно над 50.000 долари

8

Биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, повторно викендов, по три месеци, ја премина “магичната граница“ од 50.000 долари и очигледно овој тренд продолжува.

Според тековните податоци од страницата coingecko, биткоинот во моментов (околу 11 часот) се тргува по цена од 51.363 долари. Етереумот чини 3.772 долари, кардано се тргува по цена од 2.64 долари, а догкоинот за 0,28 долари.