Биткоинот повторно расте, го следат и другите криптовалути

103

Компанијата за картички Visa започна пилот програма за плаќања со криптовалути, со акцент на крипто доларот, односно на алтернативната валута USDC.

Светот на дигитални пари се развива од ден на ден, и поради оваа вест, биткоинот повторно го надмина прагот од 58.000 долари во вредност, првпат во последните седум дена. Во моментов е близу 59.000 долари.

Вчера попладне, дигиталната монета скокна за 4% (достигна вредност од 58.353 долари), според податоците на Coindesk. И другите крипто-валути напредуваа вчера, бидејќи плаќањето за нив – во редовна смисла – е сè поблиску до реализација и масовна примена.
Биткоинот се искачи за 100% од почетокот на 2021 година и оваа година постави максимален рекорд од 61.556 долари.