Најпознатата криптовалута во светот – биткоин, забележа раст од скоро 2% во последните 24 часа, па цената на дигиталната паричка повторно ја надмина границата од 40.000 долари.
Во моментов се тргува со 40.355 долари. Пазарната капитализација на биткоин се искачи на 752 милијарди долари.
Етереум, втората најпопуларна дигитална валута, забележа раст од 3,3 % и нејзината цена во моментов е околу 2.600 долари. Биткоинот силно се искачи вчера еден час по твитот на Илон Маск, кога објави дека неговата компанија Теsla повторно ќе прифати плаќања со биткоин.
Фото: Pixabay