Биткоинот повторно во црвено

32

Вчерашното закрепнување на пазарот на криптовалути траеше кратко. Утрово најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, повторно ги пречека трговците во “црвено“.

Според податоците на страницата coindesk, вредноста на биткоинот опадна за 1,49% во последните 24 часа, т.е. во моментов се тргува со 33.366 долари. Пазарната капитализација во моментов е околу 616,31 милијарди долари.

Втората најпопуларна криптовалута во светот, етереум, во моментов вреди 1.924 долари и забележа пад од 3,86%.

Фото: Freepik