Биткоинот продолжува да расте

39

Биткоинот продолжува да расте. Утрово, неговата вредност достигна 46.206 долари, што е зголемување за околу 2,4% во последните 24 часа.

Втората најпопуларна криптовалута, етереум, го започна денот во зелено со вредност од 3.237 долари, што е зголемување за околу 3,3 % во последните 24 часа.

За потсетување еден биткоин вредеше околу 64.000 долари на почетокот на оваа година.

Фото: Pixabay