Биткоинот продолжува да тоне

101

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Цената на биткоинот денеска падна на 18.358 долари, за прв пат од декември 2020 година.

Пазарот на криптовалути е на надолна траекторија од почетокот на април оваа година, а токму кога експертите оптимистички изјавуваат дека е допрено ново дно, вредноста на најпознатите дигитални монети се лизга уште пониско.

Така, вчера, биткоинот достигна ниво невидено од почетокот на декември 2021 година, а инвеститорите во дигитални стоки можеа само да гледаат како богатството на нивните портфолија се топи пред нивни очи.