Биткоинот се тргува по цена под 44.000 долари

Пазарот на криптовалути изгуби 1,3 отсто од својата вредност во изминатите 24 часа, а неговата капитализација е 2,06 трилиони долари.

Според веб-страницата Coingecko, Биткоин изгубил 1,6 отсто од вредноста во истиот временски период и okolu 11 часот се тргува по цена од 43.230 долари.

Етереумот падна малку повеќе, околу 2,46 отсто, а на берзите се проценува на 3.064 долари.