Пазарот на криптовалути ја зголеми својата вредност за 2,1 отсто во последните 24 часа и моментално изнесува 2,39 трилиони долари.
Според веб-страницата CoinGecko, биткоинот се тргува по цена под 50.000 долари, т.е. по цена од 46.972 долари.
Етереумот се тргува по цена од 3.776 долари.
Досега се „изрударени“ 90 отсто од достапните биткоини или 18,89 милиони од можни 21 милион. Првиот биткоин е „изрударен“ во јануари 2009 година, а експертите проценуваат дека последниот ќе биде ископан во 2140 година, пишува Blockchain.











