Биткоинот утрово вреди скоро 49.000 долари

37

Пазарот на криптовалути  бележи раст утрово, сите крипто-валути се во зелено.

Вредноста на најпознатата криптовалута биткоин се зголеми за 3,46 проценти за дваесет и четири часа и во моментов се тргува по цена од 48.935 долари (околу 10:30).

Од друга страна, етереумот скокна за 2,95 проценти и неговата цена утрово изнесува 3.291 долари, според податоците на Coindesk.