BiWa, две во едно – велосипед за вежбање и машина за перење

42

exercise-bike-washing-machine-dalian-nationalities-university-china-15Група студенти од универзитетот Dalian Nationalities во Кина креираа интересен изум за сите оние што сакаат да возат статичен велосипед и мразат да перат облека, пишува My Modern Met. Комбинацијата можеби звучи чудно, но Bike Washing Machine (или BiWa), ги комбинира овие две активности во една направа. Во внатрешноста на велосипедот е интегрирана мини машина за перење што ги пере вашите алишта додека ги вртите педалите.

Според креаторите на BiWa, начинот на којшто работи направата е едноставен – кога “возите” се движи и машината, а во исто време енергијата што се генерира може да се искористи за да се вклучи дисплејот или да се зачува за некое следно вежбање и перење.

Сè уште не се знае кога и дали оваа направа ќе се појави на пазарот.

exercise-bike-washing-machine-dalian-nationalities-university-china-5