Бизнис бонтон: Што (не)смеете да правите ако имате бизнис партнери од Јужна Африка

82

Ако имате бизнис партнери што доаѓаат од Јужна Африка тогаш мора во деловната комуникација да земете предвид неколку важни факти што произлегуваат од нивната култура и обичаи.

Африканците важат за конзервативни бизнисмени што го следат деловниот бонтон и го почитуваат хиерархискиот систем. Состаноците со бизнис партнери од овој дел од светот би требало да ги закажете и до еден месец порано. Доколку имате прилика, избегнувајте ги деловните средби и состаноци во текот на летните месеци, од декември до февруари.

Бизнисмените од Јужна Африка важат за не толку дисциплинирани кога станува збор за доаѓање на време на состанок. Па така, бидете подготвени да ги причекате 10-тина минути по закажаниот термин.

За нив е многу важна непосредната комуниакацијa и претпочитаат да го познаваат својот деловен партнер за да можат да соработуваат и да склучат важна зделка. Не би требало да имате проблем во комуникацијата, бидејќи најголемиот дел од Јужноафриканците одлично зборуваат англиски јазик. Пред да го започнете формалниот дел од состанокот, очекувајте разговор на теми што не се поврзани со работата, како што е спортот.

Во поглед на начинот на облекување, во јужноафриканскиот бизнис свет се почитува конзервативниот стил.

Доколку сакате да оставите добар впечаток меѓу бизнис партнерите и сакате да им подарите нешто, тогаш може да одберете мал подарок што не треба да биде скап, туку да симболизира знак на внимание.

Фото: Pexels