Бизнис динамиката во ЕУ: Помалку банкроти, уште помалку нови компании

Во првиот квартал од 2025 година, бројот на пријави за банкрот на компании во Европската Унија се намали за 0,9 проценти во споредба со четвртиот квартал од претходната година.

Во исто време, регистрацијата на претпријатија, исто така, се намали за 5,1 процент во споредба со четвртиот квартал од 2024 година, според Европската канцеларија за статистика – Евростат.

Бројот на банкроти во Западна Европа минатата година беше највисок од 2013 година, објави неодамна агенцијата ДПА.

Според извештајот на ревизорската агенција „Кредитреформ“, 190.449 компании поднеле барање за стечај. Во исто време, се очекува дека овој број ќе продолжи да расте.

Од минимумот во 2021 година и 112.686 компании што пропаднаа, бројот на банкроти во Источна Европа се зголеми за речиси 70 проценти до 2024 година.