Бизнис караванот на Еуролинк ја посети Струмица

28

BAT_5145

Во рамки на Бизнис Комплет караванот на Еуролинк вчера се одржа голем бизнис настан во Струмица.

Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро претпријатија од Струмица и околината, имаа можност да се запознаат со Бизнис Комплет пакетот, предностите на осигурувањето, како и ризиците и опасностите по секојдневното работење на нивните бизниси.

Бизнис Комплет е уникатен пакет, којшто обезбедува единствени решенија и покритија за целосно осигурување на малите претпријатија коишто имаат деловни и продажни објекти, како колонијалните продавници, мини маркетите, аптеките, парфимериите, козметичките салони и други.

“Длабоко веруваме дека создадовме продукт што ќе даде вистинска поддршка и ќе придонесе малите претпријатија да можат посигурно да чекорат кон остварување на своите бизнис цели. Преку караванот веќе и лично се запознавме со потребите и проблемите на малите бизниси во Скопје, Битола и Прилеп, каде наидовме на навистина голем интерес за Бизнис Комплет пакетот. Еуролинк и во иднина ќе продолжи со иновативноста и развивањето на нови бизнис решенија“, изјави Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Вчерашниот настан беше четвртиот од серијата настани од Бизнис Комплет караванот, којшто во текот на април ќе продолжи и во другите градови низ Македонија.