Бизнис книги што може да ги прочитате ова лето

94

kniga

Фото: Pexels

Книгите коишто ги читате треба да бидат информативни и забавни – оние кои прават да се чувствувате паметно, а не досадно. Business Insider претстави неколку книги кои може да ги читате летово, напишани од психолози, директори и бизнис експерти.

“Сите лажат“ (Everybody Lies), Сет Стивенс Давидовиц

Сет Стивенс Давидовиц е економист од Харвард, а работел како експерт во областа на истражување на податоци во Google. Во неговата книга пишува за важноста на податоците и како може да се користат.

Лаење на погрешно дрво (Barking Up the Wrong Tree), Ерик Баркер

Неколку години Баркер води успешен блог под ист назив и дели свои знаења за социјална психологија којашто им помага на читателите да се справат со секојдневните предизвици. Во книгата Баркер користи анегдоти и научни истражувања за да ги разоткрие митовите околу успехот.

Увид (Insight), Таша Еврих

Еврих како психолог им помага на луѓето да ги надминат проблемите со кои се соочуваат на патот кон достигнување на професионален успех. Главната тема на оваа книга е свеста за себе си и зошто е пресудна за успех на работа, особено за личностите кои имаат раководни позиции. Во секое поглавје има пример за некој нејзин клиент и релевантно научно истражување, а завршува со практична вежба која читателите може да ја применат во секојдневниот живот.

Новите правила на работа (The New Rules of Work), Александра Кавулакос и Кетрин Миншју

Кавулакос и Миншју се основачи и директори на сајтот за вработување и совети за кариера The Muse. Во книгата делат лекции за наоѓање и градење на кариера од соништата. Тие пишуваат дека треба да се праќаат мејлови на компанијата во која сакате да работите и како треба да изгледа пораката.

Фасцинантни (Captivate), Ванеса Ван Едвардс

Во нејзината книга таа дели совети како да станете харизматични, допадливи, како да разговарате и да оставите добар прв впечаток.