Бизнис кој остана имун на кризата – австриски концерн оствари најголема добивка во историјата на компанијата

Најголемиот австриски производител на челик Voestalpine, со седиште во Линц, ја постигна најдобрата деловна година во својата историја.

Пандемијата на коронавирус, а сега и војната во Украина, очигледно не влијае на работата на овој концерн, кој во деловната 2021/2022 година го оствари најголемиот промет во историјата на компанијата со 14,9 милијарди евра.

Добивката, пред оданочување, беше на рекордно, ниво – од 1,3 милијарди евра.

Директорот на компанијата Херберт Ајбенштајнер оцени дека концернот докажал голема флексибилност и способност за прилагодување, а пандемијата и војната во Украина не оставиле последици. Посочи дека побарувачката за висококвалитетни производи е стабилна и челикот сè повеќе се бара.