Бизнис лекции што само искуството може да ви ги “предаде“

60

Фото: Pixabay

Ниедно училиште и книга нема да ве научи она што животното искуство умее. Еве неколку работи што ќе ги дознаете “малку подоцна“.

Како да имате реални очекувања

Единствено тие што искусиле неуспех умеат да постават реални очекувања. Потребно ќе биде време и трпение, но на крајот на денот ќе знаете што може да очекувате.

Кога да ја послушате интуицијата

Интуицијата е резултат на процесирање на податоци и информации околу себе. Годините искуство ќе ве научат кога треба да ја послушате, па дури и ако немате логично објаснување.

Како да поставувате цели

Искуството ќе ве научи и дека идејата, планот и сè останато не можат да функционираат доколку немате јасна цел за тоа што сакате да постигнете.

Делегирање

Со тек на време ќе дознаете дека не можете сè да направите сами. Така ќе започнете со делегирање или распределување на обврски на останатите од тимот.

Колку е важна емоционалната интелигенција

Емоционалната интелигенција или EQ е моќ да се разберат и менаџираат сопствените чувства и емоции, а во светот на бизнисот тоа е од големо значење.

Како да учите од грешките

Ништо подобро нема да ве научи како да успеете во претприемачките води од сопствените грешки. Што поголемо искуство, толку подобро научена лекција.

Моќ на добрата комуникација

Како што одминува времето ќе разберете дека комуникацијата е двигател во бизнисот. Бадијала ви е сè ако не знаете како да комуницирате со клиентите, партнерите и секој човек што попатно ќе се најде на вашата животна патека.