Бизнис што цвета дури и кога има криза

57

Виенскиот стартап за рециклирање електронски отпад, Refurbed, е основан во 2017 година. Компанијата во моментов е активна во 13 земји и има 120 вработени. Според нивните изјави, тие досега намалиле електронскиот отпад за 170 тони и ја намалиле емисијата на јаглерод диоксид за 31.000 тони.

Refurbed на онлајн платформата нуди рециклирани електронски уреди од паметни телефони до електрични велосипеди.

Стартапот одлучи да го прошири својот бизнис и успеа да собере средства од 45,4 милиони евра од инвеститори. 

Меѓу инвеститорите се финската компанија Evil Growth Partners, калифорниската компанија Almaz Capital, австриски Speedinvest. Некои од новите инвеститори се, меѓу другите, Hermes GPE, C4 Ventures, SevenVentures, Alpha Associates и Monkfish Equity.

Стартапот од Виена обезбеди инвестиции во вредност од 16 милиони евра во претходната година. Во 2020 година, бруто вредноста на стоката се зголеми тројно во споредба со 2019 година и изнесува повеќе од 100 милиони евра.

Фото:Pixabay