Бизнис совети без рок на траење

29

Мудри зборови кои важат секогаш и секаде.

ptici

Фото: Pixabay

Аристотел Оназис

Тајната на бизнисот е да знаете нешто што никој друг не знае.

Мери Кеј Еш (американски претприемач)

Просечната идеја која поттикнува ентузијазам ќе отиде многу подалеку од одличната идеја која не инспирира никого.

Никола Тесла

Човекот не треба да жали што нема пари за да развие идеја. Размислувањето не ве чини ништо, а дава добри идеи.

Александар Дума (француски писател)

Бизнис се парите на другите луѓе.

Мери Ритер Бирд (американска историчарка)

Бизнисмен песимист е ретка глетка.

Џон Рокфелер (американски бизнисмен и филантроп)

Пријателство основано на работата е подобро од работа основана на пријателство.

Вилијам Шекспир

Мудро и полека. Оние кои брзо трчаат се сопнуваат.

Џејмс Џојс (ирски писател)

Грешките се вратите на откритијата.

Ворен Бафет

Во бизнисот постојат две правила. Прво, никогаш немој да ги изгубиш парите, второ никогаш не го заборавај првото правило.

Ана Павлова (руска прима балерина)

Да се истрае без застанување на патот до целта – тоа е тајната на успехот.

Кетрин Вајтхорн (британски новинар и писател)

Пронајдете го она што најмногу сакате да го правите и најдете некој кој за тоа ќе ве плати.

Бил Гејтс

На сите ни се потребни луѓе од кои ќе добиваме фидбек. Тоа е начинот на кој се надградуваме себе си.

Волт Дизни

Најдобар начин да започнете нешто е да престанаете да зборувате и да почнете да работите.

Доналд Трамп

Секогаш кога постои прилика договарајте се. Договорот го заштедува времето на сите.