Бизнис во време на пандемија: Прочистувачи на воздух, читачи на телесна температура, спрејови…

237

Многу компании пронаоѓаат креативни начини да заработат во екот на епидемијата на коронавирусот, којшто негативно делува и на меѓународниот пазар. Некои компании ги промовираат своите производи како директна врска со овој вирус, а други тврдат дека потрошувачите сами го согледале значењето на нивните производи, меѓу кои се пречистувачи на воздух, роботи, шешири…

Роботи

Роботите во некои случаи се користат за да се избегне директниот контакт помеѓу болничкиот персонал и пациентите, на пример, при давање на лекови. Од друга страна, американската компанија Promobot ја изнесе својата машина на Тајмс сквер во Њујорк за да испита дали минувачите имаат симптоми кои би наговестиле дека се заразени. Епидемијата на коронавирусот би можела да ги потикне компаниите да воведат автоматизација во областите од работењето каде што е возможно.

Прочистувачи на воздухот

Некои компании беа критикувани поради неточните обвинувања дека нивните пречистувачи го неутрализираат коронавирусот. Цената на некои пречистувачи се движи од 700 евра па нагоре. Предностите на овие апарати постојат, но нема докази дека може да помогнат во борбата против коронавирус.

Читачи на телесна температура

Технологијата за читање на телесната температура на далечина се издвојува како еден од одговорите на епидемијата, зошто така може да се утврди дали некој има грозница.

Shouqi Limousine & Chauffeur, кинеска компанија којашто нуди превозни услуги во некои од своите возила применува технологија за термичко снимање за да ја следи температурата на корисниците на нивните услуги, но и на возачите.

Електростатички спреј

Електростатичкиот спреј е една од алатките кои ги користат потрошувачите за да ја дезинфицираат својата околина. Работат на сличен принцип како средство за чистење на обична боца, но подобро ја покриваат површината.

Џеремаја Греј, операртивен директор на  EartSafe, компанија којашто се занимава со биоразградливи дезинфекциони средства открива дека за нивниот електростатички спреј има многу поголема побарувачка отколку во сезона на грип.

Фото: Youtube Printscreen