Бизниси во Грција затаиле данок од над 15 милиони евра

77

Управата за јавни приходи на Грција открила 11 бизниси во различни сектори во земјата кои не издавале даночни податоци, не поднесувале даночни пријави, поднесувале неточни пријави или не ја пријавиле својата деловна активност, со што затаиле данок во висина од над 15 милиони евра, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Затајувањето било откриено во фирми во цела Грција што се занимаваат меѓу другото со медицински услуги, телекомуникации, паркинг услуги, фитнес центи, кафулиња итн.

Станува збор за вкупно 11 бизниси во Атина, Солун, Лариса, Патра, Крит, а затајувањето данок се однесува на период и од неколку година, кај некои компании од 2016 до 2020 година.