Бизнисмен по грешка фрлил 20.000 евра во ѓубре

114

Бизнисмен од Грција неодамна несакајќи фрлил околу 20 илјади евра, но неговата финансиска авантура за среќа завршила добро. Според локалните медиуми, инцидентот се случил на островот Лимос, Грција.

Бизнисменот сакал да однесе 20 илјади евра во готовина во банка, пренесува Телеграфи. Тој своето мало богатство го ставил во вреќа за ѓубре.

Но, исто така во автомобилот ствил и вреќа со ѓубре што сакал да го фрли во контејнери. Тој ги фрлил и двете вреќи. И по кратко време сфатил дека ги фрлил и парите.

„Погледнав наоколу и забележав дека кесата со пари ја нема. „Веднаш разбрав што направив“, рече тој. Бизнисменот се јавил во полиција која му помогнала да го лоцира камионот кој претходно го подигнал ѓубрето, пред да заврши на депонијата каде што се гори. За среќа, овој бизнисмен успеал да ја најде чантата со пари.