Бизнисмените од Западен Балкан бараат отстранување на бизнис бариери во регионот

23

Бизнисмените од Западен Балкан упатија заеднички апел до своите влади и политичките структури во регионот да направат сè за економијата да функционира на наједноставен можен начин и да се свртат кон иднината и заедничката регионална соработка.

Овој апел е испратен од седницата на Управниот одбор на Комората за инвестициски форум на Западнобалканската шесторка (Киф ЗБ6), асоцијација што ги обединува стопанските комори на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово и Србија.

Според соопштението од состанокот одржан во Српската стопанска комора во Белград, бизнисмените бараат итно отстранување на сите деловни и економски бариери во регионот, особено оние што произлегуваат од лошите политички односи меѓу Белград, Приштина и Сараево.