Бизнисменка од БиХ продала вила од 87 милиони долари во Малибу

171

Санела Диана Џенкинс, претприемачка и филантроп родена во Босна и Херцеговина, ја продала својата вила во Малибу, Калифорнија, за 87 милиони долари, објави Wall Street Journal.

Овој имот сега му припаѓа на Џен Коум, еден од основачите на WhatsApp. Претходно сопственик бил и познатиот кантри пејач Кени Роџерс.

“Џенкинс е основачка на компанијата за здрави пијалаци Neuro Drinks, а беше мажена за британскиот банкар Роџер Џенкинс. Нејзиниот дом се појави на пазарот во мај минатата година за 125 милиони долари“, пренесува Wall Street Journal.

Имотот се простира на површина од три хектари, има една вила со пет спални соби, а има и студија за танц и снимање. Во комплексот е вклучен и пансион со три спални соби, базен, рибник, спортско игралиште…

Инаку, Санела Џенкинс е родена во Сараево, која по војната во Босна и Херцеговина, најпрво заминува во Хрватска, а од таму во Велика Британија. Таму дипломира информатика, а во 2009-та година ја создаде линијата на здрави напитоци Neuro.

Позната е по нејзината филантропија, бидејќи ја основала The Irnis Catic фондацијата во 2002-ра година, што го носи името на нејзиниот брат, кој бил убиен за време на војната во БиХ.

Фото: Facebook