
Во последните години се забележува значајна промена на пазарот на труд. Сè повеќе компании ја намалуваат важноста на формалното образование и дипломите, а во фокус ги ставаат практичните вештини, искуството и способноста за брзо прилагодување. Иако со децении дипломата се сметаше за клучен услов за вработување, денес многу работодавци оценуваат дека таа не е доволна за гаранција за успех на работното место. Наместо тоа, тие бараат кандидати кои знаат да работат со модерни технологии и брзо да се адаптираат на промените во индустријата.
Тој додава дека во овој сектор, формалното образование не е секогаш клучно за успешно извршување на работните задачи, бидејќи голем дел од вештините се стекнуваат директно преку работа, учење од искусни мајстори и практична примена на знаењето.
-За градежните работници не е клучно дали имаат завршено средно образование, туку многу поважно е дали навистина знаат да ја работат работата и дали поседуваат практични вештини. Во градежништвото, резултатот и квалитетот на изведбата се најважни, а тие доаѓаат од искуство, обука и постојана пракса на терен, изјави за „Локално“, Никола Велковски, сопственик на градежна фирма.
Секако, постојат работни места за кои се потребни посебни овластувања, стручни квалификации и лиценци, особено за сложени и одговорни задачи каде што безбедноста е приоритет. Во тие случаи, професионалната сертификација е задолжителна, објаснува Велковски.
Фото:Pixabay











