Бизнисот со тутун во Хрватска за прв пат по десет години регистрира загуба

57

Фото: Pixabay

Тутунскиот бизнис во Хрватска ја заврши 2017 година со загуба од 10,8 милиони евра, за разлика од претходната кога вкупната нето добивка на овој сектор била околу 2 милиона евра, пишува Jutarnji.

Претријатијата кои работат во областа на производство на тутунски производи лани за прв пат од 2008 година забележаа негативен резултат во работењето, а најмногу влијание на тоа имаше загубата на најголемиот хрватски производител на цигари TDR, чија загуба изнесуваше скоро 12 милиони евра.

Вкупните консолидирани приходи на хрватските произведители на цигари минатата година биле 185 милиони евра (TDR -161 милион евра, Hrvatski duhani – 22,8 милиони евра и Udbina-1,02 милиони евра), што е за 40 милиони евра помалку од претходната. Просечната плата во овој сектор изнесувала 1.650 евра, а работат 672 вработени.

Што се однесува до претпријатијата кои главно одгледуваат тутун, оствариле вкупен приход од 7,2 милиони евра, што за 34,2% зголемување во однос на претходната година. Во овој сектор работат околу 70 луѓе со просечна плата од 703 евра.

Најмногу влијание за континуираниот пад на приходите во тутунскиот сектор во Хрватска во последните десет години има Законот за ограничување на употребата на тутунските производи кој е на сила од 2009 година.