Blackberry го напушта јапонскиот пазар

24

blackberry-z10Компанијата Blackberry соопшти дека својот нов производ, мобилниот телефон Z10 нема да го продава во Јапонија. Со овој потег најави и повлекување од оваа земја.

Заостанувајќи далеку зад Apple и Samsung, канадскиот Blackberry лансираше два нови уреди, Q10 и Z10, во обид да врати дел од пазарот.

Како што јавуваат јапонските медиуми, Blackberry држи само 0,3% од јапонскиот пазар, што е огромен пад за разлика од претходните години, кога на овој пазар беше присутен со 5%. Од друга страна, конкурентите Apple и Samsung доживуваат неверојатен подем во продажбата на паметни телефони во оваа земја. Се проценува дека во периодот од април до септември, во Јапонија се продадени 14 милиони паметни телефони, а уделот на Blackberry е само неколку десетици илјади.