BlackBerry ќе ѝ исплати на Nokia 137 милиони долари поради неисполнети обврски

2

sud

Фото: Pixabay

Меѓународниот арбитражен суд донесе одлука BlackBerry да ѝ плати на финската компанија Nokia 137 милиони долари поради неисполнети обврски за исплата од заеднички договори за одредени патенти.

Канадската компанија BlackBerry соопшти дека ќе спроведе посебен случај на кршење на патент против Nokia, пишува Reuters.

BlackBerry оваа година доби 940 милиони долари од компанијата Qualcomm Inc во сличен случај на спорни исплати.