BlackBerry отпушта 40% од вработените

42

blackberry_hqКомпанијата BlackBerry до крајот на годинава ќе отпушти скоро 40% од вработените, поради финансиски проблеми. Процесот на отпуштање ќе се изведува во неколку фази и ќе ги зафати сите оддели во компанијата. Сега во оваа компанија работат 12.700 работници, што е за 4.000 помалку од пред две години, кога започна првиот бран отпуштања.

Во август е објавен план за можна продажба на компанијата, за која се залагаат некои членови на надзорниот одбор. Според некои извори, продажбата би можела да се случи уште во ноември.

Во 2012 година BlackBerry забележа загуба од 646 милиони долари, а приходите паднаа за 40%, на 11 милијарди.

Откако неодамна се појави Windows Phone на Microsoft, BlackBerry падна на четврто место na најпопуларни мобилни оперативни системи. На самиот врв се недопирливиот Андроид на Google и iOS на Apple.