BlackRock и JPMorgan ќе основаат банка за реконструкција со Киев

Мултинационалниот инвестициски фонд BlackRock и JPMorgan Chase Bank ѝ помагаат на украинската влада да создаде банка за реконструкција за да го насочи основниот капитал во проектите за реконструкција на земјата што би можеле да привлечат стотици милијарди долари во приватни инвестиции.

Фондот за развој на Украина сè уште е во фаза на планирање и не се очекува да биде целосно оперативен до крајот на непријателствата со Русија, пишува Фајненшл тајмс. Повеќе детали за ова инвеститорите ќе можат да слушнат оваа недела во Лондон, каде што ќе се одржи заедничка конференција на британската и украинската влада.

Според BlackRock, денешните долгорочни предизвици најдобро се решаваат преку комбинирано финансирање, поради што е неопходно формирање на банка за реконструкција за прибирање капитал во голем обем.

Светска банка во март процени дека на Украина и требаат 411 милијарди долари за повоена обнова, а во меѓувреме таа сума се зголеми. Владата во Киев ангажираше консултантска фирма BlackRock за да одреди како најдобро да привлече капитал, а во февруари ја ангажираше JPMorgan.