Благ пад на цените на нафтата

47

Цените на нафтата се движеа околу 98 долари на меѓународните пазари во понеделникот, бидејќи инвеститорите се загрижени за побарувачката во Кина загрозена од строгите политики за борба против коронавирусот.

На лондонскиот пазар цената на нафтата моментално е 96,97 долари, додека на американскиот барел се тргува по цена од 90,64 долари, покажуваат најновите податоци објавени на веб-страницата OilPrice.com.

Растот на цените на пазарите го спречија кинеските власти кои викендов уште еднаш нагласија дека планираат да истраат во примената на строги мерки за сузбивање на коронавирусот, а со тоа да ги отфрлат надежите за закрепнување на побарувачката на нафта во земја која е најголем светски увозник на оваа енергија, јавува агенцијата Мина.

Падот на цените беше запрен благодарение на претпочитањето на инвеститорите за ризични средства, веста за закрепнување на увозот на кинеската нафта и слабеењето на доларот, изјави аналитичарот на УБС Џовани Стауново .

Октомврискиот увоз и извоз на Кина неочекувано ослабе, но увозот на сурова нафта закрепна, достигнувајќи го највисокото ниво од мај.

Доларот во понеделникот ослабе во однос на еврото, зголемувајќи ја куповната моќ на трговците со другите валути.