Благ пад на цената на нафтата

39

Цените на нафтата беа малку пониски на денешното тргување во Азија.
Според аналитичарите, инвеститорите ја следат ситуацијата на Блискиот Исток, кој се уште главно се карактеризира со неизвесност, јавуваат странските новински агенции.

Барел Тексас нафта од 159 литри за испорака во септември чинеше 76,18 долари утринава по средноевропско време, за еден цент помалку од четвртокот. Во Лондон, фјучерсите на северноморската нафта Брент за октомври паднаа за шест центи на 79,10 долари за барел.