Благ пораст на цената на нафтата

8

Цените на нафтата благо пораснаа на азиското тргување денеска. Според аналитичарите, дури и толку мало зголемување на цените е изненадување бидејќи би се очекувало од инвеститорите да бидат внимателни.
Најголем дел од податоците покажуваат дека централните банки ќе продолжат интензивно да ги зголемуваат каматните стапки, пренесува германската новинска агенција dpa.

Барел брент  за испорака во април утрово чинеше 80,77 долари, што е за 17 центи повеќе од средата. Суровата нафта „West Texas Intermediate“ за испорака во април поскапе за 15 центи на 74,10 долари.

Доколку централните банки продолжат да ги зголемуваат каматните стапки во борбата против инфлацијата, тоа би можело да го намали глобалниот економски раст, а со тоа и побарувачката за нафта, пишува dpa.