
Нафтата денеска малку поскапе. Цените, како што пренесува германската новинска агенција dpa, во голема мера се диктирани од загриженоста поради забавувањето на глобалната економија и неизвесноста за идната политика на нафтениот картел ОПЕК +.
Групацијата ќе се состане во четврток, а Саудиска Арабија неофицијално се залага за намалување на производството.
Суровата нафта „West Texas Intermediate“ за испорака во јануари утрово се тргуваше за 75,03 долари, што е за 18 центи повеќе од понеделникот. Северноморската нафта „брент“ за испорака во јануари поскапе за 15 центи на 80,13 долари од затворањето во понеделникот.











