Благ пораст на цената на нафтата

53

Цените на нафтата благо пораснаа на азиското тргување денеска.
Трговците со нафта се загрижени за ризиците за снабдување кои произлегуваат од зголемените тензии на Блискиот Исток, додека одекнуваат вестите за зголемените залихи на сурова нафта во САД.

Нафтата „West Texas Intermediate“ за испорака во септември на азиското тргување достигна вредност од 75,39 долари за барел, што е раст од 16 центи во пладневното тргување. Фјучерсите на нафтата брент за октомври пораснаа за шест центи на 78,39 долари, пренесува Ројтерс.

И двете цени на нафтата закрепнаа откако се приближија до најниските нивоа оваа година поради шпекулациите за рецесија во САД и распродажба на берзите.