Телекомуникацискиот оператор Blizoo, од овој месец ќе нуди голем попуст за сите пакети со три услуги (дигитална телевизија, интернет и фиксна телефонија), достапни за онлајн нарачка.
Сите нови корисници кои ќе изберат еден од пакетите во првите 4 месеци добиваат 50% попуст. Оваа понуда, која досега важеше само за интернет пакетите, отсега е активна и за сите пакети со три услуги – Старт, Смарт, Екстра и Премиум.
За да нарачате еден од овие пакети треба само да ја посетите веб страната на Blizoo, каде под избраниот пакет ќе најдете линк кој што води кон апликацијата за онлајн нарачка. Од операторот изјавуваат дека аналогната телевизија за втор и трет ТВ приемник останува бесплатна за сите корисници.
“Овие придобивки се само дoполнување на онлајн подароците коишто ги воведовме изминатиот период”, велат од Blizoo.