Blizoo прослави една година на македонскиот пазар

26

Телекомуникацискиот оператор blizoo во саботата ја прослави првата година од работењето на македонскиот пазар. Првиот роденден, истовремено со низа настани беше одбележан во трите продажни салони низ Скопје. Посетителите добија подароци, а новите корисници кои потпишаа договор на 24 месеци, добија на подарок 50% попуст за користење на услугите за ТВ, интернет и телефонија. Роденденската понуда предвидува неограничен интернет сообраќај, брзини до 60 Mbps, бесплатна аналогна телевизија и бесплатен wi-fi рутер за новите корисници, како и бесплатни неограничени разговори во мрежата на blizoo.

Пред присутните новинари, главниот извршен директор на blizoo, Кирил Трендафилов изјави: „За една година направивме повеќе од очекуваното и планираното. Сета наша енергија и посветеност ги насочивме исклучиво кон корисниците и нивното задоволство. Ги намаливме цените и ја зголемивме конурентноста во телекомуникацискиот сегмент. Единствено ние, нудиме неограничен трансфер на податоци преку интернет, интернет брзините се до 60 Mbps, а имаме и најголем избор на HD канали во Македонија. Изминативе две години, ивестиравме над 7 милиони евра во надградба на мрежата. Меѓу другото, успеавме да се позиционираме на третото место на листата на најбрзо растечки компании, како и на одличното дваесетто место на листата на најуспешни компании во Македонија. Нашата прва мисија е завршена, но тоа во ниту еден случај не значи дека во 2013 година ќе ја промениме досегашнатa динамика на позитивни промени”.

Искра Секуловска, главниот маркетинг директор на blizoo, додаде: „За 12 месеци станавме прв избор на корисниците за интернет и префериран оператор за дигитална телевизија и фиксна телефонија. Нашите услуги се подобрени, инсталациите се движат во рамки од 3 до 5 дена, додека техничката поддршка функционира 365 дена во годината. Ноемвриските пакети се само дел од активностите поврзани со првиот роденден на blizoo.

Услугите на blizoo се достапни во Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип и Прилеп.