Близу 35 отсто од користената енергија лани била од домашно производство

31

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2023 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Македонија изнесувало 936.031 тон нафтен еквивалент или 34.7 отсто од вкупно потребната енергија.

Вкупната потребна енергија за 2023 година изнесувала 2.698.648 тон нафтен еквивалент.

Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2023 година биле сообраќајот со 44.1 отсто, домаќинствата со 25.8 отсто и индустријата со 17.9 отсто од расположливата финална потрошувачка.