Белата куќа им нареди затворање на американските владини агенции откако Конгресот не успеа да постигне компромис околу буџетот пред полноќ по американско време. Ова е прв пат по 17 години САД да се најде во ваква ситуација.
Претставничкиот дом нудеше привремено финансирање на сојузната влада по понеделник, а за возврат бараше законот за поповолна здравствена заштита да се одложи на една година, меѓутоа Сенатот, во кој мнозинството го имаат демократите, тој предлог во понеделникот вечерта двапати го одби, пренесува ХРТ.
“Го поттикнуваме Конгресот брзо да реагира за да се донесе резолуција која ќе овозможи краткорочно премостување и ќе обезбеди доволно време за да може буџетот да издржи до крајот на фискалната година и повторно да се покрене дејствувањето на јавните сервиси и програмите од круцијална важност кои ќе бидат погодени од недостиг од средства”, соопшти директорката на Бирото за менаџмент и буџет на Белата куќа, Силвија Барвел.