Блокирани сметките на BH Airlines

23

bh airlines

Лизинг компанијата HETA ги блокираше банкарските сметки на босанско-херцеговската национална авиокомпанија BH Airlines поради неподмирени долгови за наем на авиони, што, доколку наскоро не се реши проблемот, би можело да доведе до запирање на летовите на оваа комапнија, пишува Независне новине.

Од авиокомпанијата потврдуваат дека сметката им е блокирана, затоа што не е уплатена договорената сума како гаранција за враќање на долгот кон HETA.

Според Seebiz, долгот што го побарува HETA достига износ од 7,5 милиони евра.