Bloomberg: Претплатата за хардвер на Apple започнува од 35 долари месечно

63

Новинарот на „Bloomberg“, Марк Гурман, минатиот месец објави дека Apple наводно работи на услуга за претплата за својот хардвер, вклучувајќи, се разбира, iPhone и iPad. Тоа е, да потсетиме, услуга која би им овозможила на корисниците да плаќаат месечна претплата за уредите на компанијата.

Десет дена подоцна, Гурман повторно ја допре оваа тема во својот билтен за Power On, но овој пат со нови, поконкретни информации. Новинарот на „Bloomberg“ предвидува дека претплатата за iPhone 13 би можела да чини 35 долари месечно, додека претплата за 13 Pro би ги чинела корисниците 45 долари.

Понатаму, претплатата на водечкиот модел на Apple, iPhone 13 Pro Max, наводно ќе чини 50 долари месечно. Доколку се земат предвид тековните препорачани малопродажни цени на овие модели, Гурман тврди дека ваквата претплата на Apple би можела да му донесе значително поголема заработка, а на крајот би им го вратиле телефонот.

Со други зборови, корисникот може да купи iPhone 13 за 799 долари или може да земе претплата од 35 долари месечно, што на Apple би му донело 1.260 долари за три години.

„Ова е очигледно само „позадинска математика“, но Apple може одеднаш да генерира значително повеќе пари по потрошувач, а клиентите не мора веднаш да трошат стотици долари на нов iPhone. Исто така, тие би го добиле најновиот модел секоја година, наместо на секои три што е просек“, објаснува Гурман.

Но, дури и ако Apple наплати претплата помалку отколку што очекува Гурман, сепак ќе има корист од постојаниот прилив на постари телефони кои може повторно да ги вметне во ротацијата на претплатата или да ги продаде. Како што истакнува Гурман, компанијата исто така генерира над 40 проценти од маржата на хардверот на iPhone, така што е навистина профитабилен бизнис за проширување.

„На долг рок, Apple ќе заработи многу повеќе отколку без понуда за претплата. iPhone има прилично ниска стапка на „трошење“ и корисниците веројатно ќе останат во оваа претплатна програма една деценија, можеби и повеќе. Значи, тоа е повеќе од 4.000 долари приход по корисник за 10 години – само на iPhone-и – во сценарио од 35 долари месечно“, заклучува Гурман.