Bloomberg Professional Service воведе информативна страница за НБРМ

71

nbrmИнформативниот сервис и електронска платформа за тргување Bloomberg Professional Service од декември 2013 година воведе информативна страница за Народната банка на Република Македонија, стои на страната на НБРМ. Страницата е достапна за околу 315.000 корисници на Bloomberg ширум светот, наменета за професионални инвеститори и аналитичари на меѓународните финансиски пазари, меѓу кои се реноминирани инвестициски банки, брокери и советници.

Професионалните корисници ќе имаат можност за континуирано следење и анализирање на податоците за движењата на финансиските пазари во Република Македонија (девизни курсеви и каматни стапки SKIBOR и MKDONIA), примарните емисии на хартии од вредност (аукции на благајнички записи и аукции на државни хартии од вредност), како и податоци за задолжителната резерва на банките и за основните економски индикатори. Покрај тековните податоци, страницата нуди историски бази и графички прикази, коишто овозможуваат и аналитички осврт на домашните финансиски пазари.

Со присуството на Народната банка на Република Македонија со своја страница на Bloomberg Professional Service, којшто е еден од најкористените извори на финансиски податоци и вести во реално време, на учесниците на финансиските пазари во светски рамки им се овозможува едноставен пристап до повеќе значајни финансиски податоци за Република Македонија.