Bloque termodisipador BT – тули со триаголна форма за подобра изолација

56

tuli so nepravile oblik

Архитектите Мигуел Нињо и Јохана Наваро од колумбиското архитектонско студио SAS стојат зад дизајнот на тулата со неправилен облик, којашто подобро ја распоредува топлината во просторот, пишува Archdaily.com.

Фасадната тула, под името Bloque termodisipador BT, од едната страна е поставена под агол од 114 степени, што е спротивен агол од аголот на сончевите зраци, при максимална температура од 24 степени.

tuli so nepravilen oblik 1

Каналите на тулите се под агол и не дозволуваат да се насобира водата.

Овие тули, не само што нудат тродимензионална естетска композиција на ѕидовите, туку се грижат и за термоизолацијата на просторот и ја намалуваат надворешната бучава.