BLU studio energy – паметен мобилен телефон со батерија што трае и до 45 дена

61

grey

BLU Studio energy е мобилен телефон што се разликува од сите останати паметни телефони, особено по тоа што неговата супер батерија има капацитет од 5.000 mAh.

blu

Оваа батерија може да издржи четири дена без полнач или 45 дена доколку не се користи мобилниот телефон. Заедно со овој телефон има и кабел за полнење други уреди, кој од Studio energy прави таканаречена банка на енергија (Power bank), односно мобилен полнач за уреди со USB приклучок.

91xoOt1v7hL._SL1500_

Освен овие, мобилниот телефон може да се пофали и со други силни перформанси, како што е можност за користење две СИМ картички, HD екран заштитен со Gorilla glass 3 технологија од гребење и оштетување.

91KKVWl8vhL._SL1500_

Неговата цена на Amazon е 149 долари во три бои.